en-USmk-MKsq-AL

“Како нова консултантска фирма, ние сакаме да бидеме различни.Ние го ставаме нашиот фокус на обезбедување на “по мерка направени”услуги за нашите клиенти”

“Нашиот бизнис модел на консултирање дава можности на сите страни. За клиентите – слобода во селектирање на консултантите и пристапот со надобар квалитет”

“Консултантите на СЕГ Холдинг се посветени, вредни и прилагодливи”

“Ние сме отворени за секој и секого на кој му е потребна поддршка во постигнување на развоj”

“Ние постојано ја прошируваме нашата група на професионални и независни консултанти”

ВЕСТИ


29 јун 2018

Оглас за проектен асистент

Author: SuperUser Account  /  Categories: Uncategorized  / 

Консултантската куќа СЕГ Холдинг, за потребите на проект финансиран од Европската Унија за прекугранична соработка Македонија – Албанија со наслов “Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид-Преспа” за период од 1 август 2018 до 31 декември 2019 година, објавува оглас за:
Работна позиција: 

Проектен асистент
Локација: Скопје со повремени патувања во пограничниот регион меѓу Македонија и Албанија (регион Охрид-Преспа)

Времетраење на ангажманот: определено на 18 месеци, со можност за продолжување (полно работно време)

Клучни работни обврски:
– Управува со административното и канцелариското работење на СЕГ Холдинг за потребите на проектот;
– Управува со архивата и архивското работење на организацијата на СЕГ Холдинг за потребите на проектот
– Обезбедува логистичко – техничка поддршка на извршната канцеларија и менаџментот на СЕГ Холдинг;
-  Подготвува повици / опис на надлежности за избор на надворешни добавувачи во согласност со правилата на ЕУ / домашните регулативи / интерни процедури на СЕГ Холдинг;
– Го планира и следи оперативниот буџет на СЕГ Холдинг за работење на Проектот;
- Подготвува наративни и финансиски извештаи за проектот, записници од активностите, листа на финансиски документи и др.
- Го следи напредокот на проектот согласно планот за набљудување и оценка на проектот;
– Планира, следи, спроведува, координира и извршува други задачи во врска со: канцелариски простор, опрема, инвентар, пошта и телекомуникации
– Врши други работи поврзани со спроведувањето на проектот: комуникација со проектните партнери, комуникација со засегнатите страни и целни групи, итн.

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

– Високо образование;
– Работно искуство со проекти финансирани од ЕУ, најмалку 2 години;
– Солидно познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Power Point);
– Одлично познавање на англискиот и македонскиот јазик, усна и писмена комуникација;
– Одлични организациски вештини (организација на работа, настани и сл.).

 Секој заинтересиран треба да поднесе:

1. Потврда за завршено високо образование;
2. Кратка биографија на македонски или англиски јазик;
3. Потврда за познавање англиски јазик. Предност ќе имаат кандидати со познавање на локални јазици;
4. Писмо за интерес со наведување на детали од претходни работните обврски по позиции;
5. Референци од претходни работни места.

Вашите документи потребно е да ги испратите на следната електронска адреса: contact@seg-holding.com до 13.07.2018 (петок) година до 23:59 часот, со наслов “Апликација за Проектен асистент“. Само кандидатите/ките кои ги исполнуват критериумите ќе бидат повикани на интервју.


Number of views (1548)      Comments (0)

Tags:

СЕГ Холдинг © 2014

 

Адреса: бул. Св. Климент Охридски бр.58б/2-4, Скопје

contact@seg-holding.com

         www.seg-holding.com