en-USmk-MKsq-AL

“Како нова консултантска фирма, ние сакаме да бидеме различни.Ние го ставаме нашиот фокус на обезбедување на “по мерка направени”услуги за нашите клиенти”

“Нашиот бизнис модел на консултирање дава можности на сите страни. За клиентите – слобода во селектирање на консултантите и пристапот со надобар квалитет”

“Консултантите на СЕГ Холдинг се посветени, вредни и прилагодливи”

“Ние сме отворени за секој и секого на кој му е потребна поддршка во постигнување на развоj”

“Ние постојано ја прошируваме нашата група на професионални и независни консултанти”

ВЕСТИ


18 фев 2019

Покана за учество на консултативен состанок со Град Скопје

Author: SuperUser Account  /  Categories: Uncategorized  / 

Консултантската куќа СЕГ Холдинг ја подготвува новата Стратегија за соработка на Град Скопје со граѓанските организации, со Акционен план (за периодот 2019-2021). Стратегијата има за цел да придонесе за унапредување на комуникацијата помеѓу Град Скопје и граѓанските организации, зголемена соработка со и поддршка на граѓанскиот сектор, од што ќе произлезат позитивни резултати за граѓаните.

Во рамките на изработката на новата Стратегија, СЕГ Холдинг, заедно со Секторот за меѓународна соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации на Градот Скопје, на 25 февруари 2019 година (понеделник), во просториите на НВО центарот на Град Скопје (во Младински културен центар), ќе го одржат првиот консултативен состанок со граѓанските организации на територијата на град Скопје.

Целта на состаноците со граѓанските организации е да се слушнат мислењата на граѓанските организации за соработката со Град Скопје, искуствата од претходниот период, како и да се дадат мислења за нацрт стратешките определби за соработката на Град Скопје со граѓанските организации кои работат на територијата на градот.

Бројот на учесници, во согласност со просторните можности, е ограничено. Затоа, доколку постои интерес за Ваше учество, како и за дополнителни информации, Ве молиме навремено да не известите најдоцна до 22 февруари 2019 година, на следниот е-маил: contact@seg-holding.com.

Number of views (181)      Comments (0)

Tags:

СЕГ Холдинг © 2014

 

Адреса: бул. Св. Климент Охридски бр.58б/2-4, Скопје

contact@seg-holding.com

         www.seg-holding.com