en-USmk-MKsq-AL

“Како нова консултантска фирма, ние сакаме да бидеме различни.Ние го ставаме нашиот фокус на обезбедување на “по мерка направени”услуги за нашите клиенти”

“Нашиот бизнис модел на консултирање дава можности на сите страни. За клиентите – слобода во селектирање на консултантите и пристапот со надобар квалитет”

“Консултантите на СЕГ Холдинг се посветени, вредни и прилагодливи”

“Ние сме отворени за секој и секого на кој му е потребна поддршка во постигнување на развоj”

“Ние постојано ја прошируваме нашата група на професионални и независни консултанти”

ЗА НАС

Започнавме со работа во 2014 и направивме напори да го превземеме најдоброто од традиционалниот маркет за консалтинг и надворешни консултанти се со цел да создадеме нов, флексибилен модел на консултантски услуги. 


Како нова консултантска фирма, се трудиме да бидеме поинакви. Го насочуваме нашиот фокус за обезбедување нанаправени по мерка консултантски услуги за нашите клиенти. Истовремено, ние даваме постојана поддршка на нашите надворешни консултанти во доставувањето на услугите, со што тие ќе бидат целосно фокусирани на клиентот.   


На овој начин, обезбедуваме широк спектар на услуги за нашите клиенти, кои се доставени на професионален начин и време, а во исто време има и флексибилност во начинот и времето на доставување. 


Нашиот бизнис модел на консалтинг дава можности за секоја страна. За клиентите – слобода да одберат консултанти и пристапи од најдобриот квалитет. За надворешните консултанти – слобода да ги одберат тематските области и постојаната административна поддршка која на консултантот му дава целосен фокус на неговата работа и квалитет на услуга. 


Нашите проекти обезбедуваат квалитет во сите области, одржливост, постојано подобрување на постигнувањата и подобрување на организацијата. Токму затоа имаме долготрајни и блиски односи со нашите клиенти, кои ја донесуваат одлуката да работат со нас повторно.


Во сите наши напори ние се грижиме за луѓето и околината во која што работиме. За да се минимализира негативното влијание врз  сите заинтересирани страни, ние имаме стратешка соработка со организации на граѓанско општество со кои, покрај приватни бизниси и институции, создаваме заеднички вредности за целото општество. 

СЕГ Холдинг © 2014

 

Адреса: бул. Св. Климент Охридски бр.58б/2-4, Скопје

contact@seg-holding.com

         www.seg-holding.com