Што е општествена одговорност?
Да се биде општествено одговорен значи дека луѓето и организациите мора да се
однесуваат етички и со сензибилитет спрема општествените, културните и
економските прашања како и прашањата поврзани со животната средина. Стремежот
кон општествена одговорност им помага на индивидуалците, организациите и
владите да направат позитивно влианије на развојот, бизнисот и општеството со
позитивно остварување на крајните резултати.
Развивање на нашата улога како
граѓанин
Како фирма којa дава услуги на компании во Македонија,
Косово и Албанија, водиме грижа за улогата која ја играме во инвестирање и
развој на локалните заедници. А и како вработувач, исто тако внимаваме и на
важноста за поставување на општествено одговорни внатрешни политики и цели.
Општествени проблематики
Преку нашата консултантска експертиза и предлози, СЕГ
Холдинг ќе може да создаде големо социјално влијание како и да направи
позитивни промени. Дел од нашите клиенти постојано работат на проекти кои имаат
големи позитивни промени врз секојдневието на луѓето. Ние исто така работиме и
со владини и невладини организации се со цел да им помогнеме да ја подобрат
вредноста на секој објект и институција.