en-USmk-MKsq-AL

“Како нова консултантска фирма, ние сакаме да бидеме различни.Ние го ставаме нашиот фокус на обезбедување на “по мерка направени”услуги за нашите клиенти”

“Нашиот бизнис модел на консултирање дава можности на сите страни. За клиентите – слобода во селектирање на консултантите и пристапот со надобар квалитет”

“Консултантите на СЕГ Холдинг се посветени, вредни и прилагодливи”

“Ние сме отворени за секој и секого на кој му е потребна поддршка во постигнување на развоj”

“Ние постојано ја прошируваме нашата група на професионални и независни консултанти”

КОНСУЛТАНТИ

Нашите консултанти

СЕГ Холдинг, покрај внатрешната експертиза која ја поседува, соработува и со надворешни консултанти. Сите консултанти имаат искуство и референци за нивното работење во одреден сектор. Сите мора да поседуваат практично искуство во некоја одредена индустрија. Тие се посветени, трудољубиви и прилагодливи. И токму затоа нашите клиенти сакаат да работат со нас (и со нив) повторно.

Нашиот проект

СЕГ Холдинг работи со претпријатија, граѓански организации, државни и локални самоуправи, неформални иницијативи. Имаме доставено преку 100 проекти во областа на мобилизација на фондови, менаџмент, стратешко советување, доставување на обуки, истражувања како и фасилитирање.

Работата со нас

Доколку сакате да работите со нас, треба да поседувате квалитет, да бидете посветени на задачата, да му бидете достапни на клиентот во било кое време и да бидете искрени со сите вклучени страни. Од друга страна, вие ќе ја задржите вашата независност и ќе добиете целосна административна и стратешка поддршка за доставување на услугите. Со СЕГ Холдинг ќе добиете можност да бидете дел од модерен, мултикултурен тим со висок интегритет и квалитет.

Изјава на консултантите за СЕГ Холдинг

„Луѓе кои се држат до својот збор, кои поседуваат огромно знаење од консултантскиот бизнис и поседуваат иновативен бизнис модул. Јас, како консултант, можам да аплицирам за одредена работа или тие ќе ме побараат, со претходно дефинирани обврски и права. Покрај тоа, тие обезбедуваат константна поддршка во комуникацијата со клиентите кои добиваат комплетна услуга и бараат повторна соработка. Затоа сум горд што сум дел од тимот на СЕГ Холдинг.“

СЕГ Холдинг © 2014

 

Адреса: ул. бул. Св. Климент Охридски бр.58б/2-4, Скопје

contact@seg-holding.com

         www.seg-holding.com