en-USmk-MKsq-AL

“Како нова консултантска фирма, ние сакаме да бидеме различни.Ние го ставаме нашиот фокус на обезбедување на “по мерка направени”услуги за нашите клиенти”

“Нашиот бизнис модел на консултирање дава можности на сите страни. За клиентите – слобода во селектирање на консултантите и пристапот со надобар квалитет”

“Консултантите на СЕГ Холдинг се посветени, вредни и прилагодливи”

“Ние сме отворени за секој и секого на кој му е потребна поддршка во постигнување на развоj”

“Ние постојано ја прошируваме нашата група на професионални и независни консултанти”

ВЕСТИ


3 јан 2018

ПОВИК ЗА ПРАКСА ВО СЕГ ХОЛДИНГ - РАЗВОЈ НА БИЗНИСИ

За кого е наменета праксата?
Млади, мотивирани и амбициозни луѓе, со завршено високо образование, кои имаат одлично, практично, усно, пишано познавање на англискиот јазик потврдено со резултати од ТОЕФЛ или ИЕЛТС. Потребно е одлично познавање на Word и Excel како и основни вештини за истражување и storytelling. Познавање на други јазици и поседување возачка дозвола за Б-категорија е задолжително. Ако сте организирани, систематични, флексибилни, плус имате добри комуникациски вештини, позитивни сте, добро работите во тим и спремни сте да учите под притисок и да патувате низ земјата, ние би сакале да ви дадеме можност да го докажете својот потенцијал преку пракса (обука низ работа). По завршување на праксата, имате можност за вработување со делумно или полно работно време.

Опис на задачи
- Анализа, систематизација и обработка на податоци поврзани со повици за финансирање од Европска Унија, УСАИД и други донатори;
- Анализа на пристап на конкуренти и анализа на нови пазари;
- Поддршка при подготовка на пријави на повици на донатори за мобилизација на фондови;

- Поддршка во спроведување на истражувања и развој на нови услуги;

- Административна и логистичка поддршка за спроведување истражувања и организирање настани;
- Поддршка во промоција и продажба на советодавни услуги за подготовка на проекти. 

СЕГ Холдинг има дефинирано правилник/програма за пракса-обука низ работа, вклучувајќи и воведни инструкции и постојано менторство. Повеќе информации за СЕГ Холдинг има на: www.seg- holding.com 

Што ќе добие практикантот:
- Менторство при анализа, систематизација, изработка на пријави (концепти, апликации) и спроведување истражувања итн.;
- Можност за бесплатно учество на обуки за мобилизација на фондови, спроведување проекти и слично;
- Пренесување на знаење од страна на нашите консултанти;
- Покриени трошоци за превоз и храна за времетраење на праксата;
- Професионална и пријатна работна атмосфера, во самиот центар на Скопје. 

Времетрање на праксата:
До 3 месеци започнувајќи од 15 јануари до 13 април 2018 година.
Како да аплицирам?
Испратете го своето CV (со телефонски контакт), кратко писмо за изразување интерес и задолжително скенирани потврди од тестовите на англиски јазик не постари од 3 години, на следната адреса: contact@seg-holding.com, со назнака „Пријава за пракса – развој на бизнис“, најдоцна до 11 јануари 2018 г., до 23:59 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

0 Comments

1 јан 2018

ПОВИК ЗА ПРАКСА ВО СЕГ ХОЛДИНГ - СОРАБОТНИК ЗА ПРОЕКТИ

За кого е наменета праксата?
Млади, мотивирани и амбициозни луѓе со завршено високо образование кои имаат познавање од областа на комуникации / односи со јавност / социјални медиуми / брендирање, и кои се спремни да му помогнат на СЕГ Холдинг во промоција на своите услуги. Бараме практикант кој е посветен и спремен напорно да работи, има до или пост дипломски студии од релеватното подрачје.

Предност ќе се даде на кандидат со практично искуство, кој одлично владее со англискиот јазик и менаџирање на социјални медиуми.
0 Comments

8 мај 2017

АФПЗРР: објавен јавен повик за доставување на барања за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на 24.04.2017 година објави Јавен повик бр. 02/2017 за доставувања на барања за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.

0 Comments

21 фев 2017

Организирана втора обука за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации

Организирана втора обука за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации

 Во периодот од 16-ти до 17-ти февруари се одржа втората обука за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои спроведуваат проекти финансирани во рамки на проектот "Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права". 

0 Comments

13 фев 2017

Комерцијална Банка- Нови Финансиски производи

Комерцијална Банка- Нови Финансиски производи
Комерцијална банка АД Скопје во соработка со УСАИД воведе нова кредитна линија наменета за микро, мали и средни приватни друштва, задруги и фарми во Македонија и за инвестиции во земјоделството.
0 Comments
RSS
12345678

СЕГ Холдинг © 2014

 

Адреса: бул. Св. Климент Охридски бр.58б/2-4, Скопје

contact@seg-holding.com

         www.seg-holding.com